X
 14.06.2017 Живот

Дигитална архива на светската мода креирана од „Google“

Модата и уметноста се врежани во човековата културолошка и економска историја на многу слични начини, но тие се и многу различни практики. Модата долго време беше имплицирана во индустријата, трудовата експлоатација, деградацијата на животната средина.

фото извор: rainlab.it

„Google Arts & Culture“ создале проект наречен „We wear culture“. Проектот патувал низ повеќе од 40 земји, а соработката се остварила со повеќе од 180 културолошки институции. Покриени се 3000 година од историјата, па дел од проектот се онлајн галерии, кратки видеа, реченици и историски слики собрани на едно мести. Исто така, се обработуваат и профили на познати дизајнери како Оскар де ла Рента, Коко Шанел и други.

Целта е да се истакне високата мода и да се раскажат приказните за тоа како луѓето ја доживуваат модата и што искусиле од неа. Всушност, проектот го покажува влијанието на модата во сите сфери на општествениот живот.

„We wear culture“ содржи низа интерактивни видеа на својот „YouTube“ канал, како и рекламни пораки. Има околу 30.000 модни парчиња и повеќе од 450 ревии. Можете да ги погледнете на овој линк.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот