X
 07.07.2017 Наука

Квантна теорија според која иднината влијае врз минатото

Еден од најчудните аспекти на квантната механика можеби е објаснет од еднакво чудната идеја дека причинско-последичните односи можат да се движат и напред и назад во времето.

Она што Ајнштајн го нарекол „морничава акција на дистанца“, теоретски може да биде доказ за процес кој е еднаков на моментот кога ве боли стомакот денес поради утрешниот лош ручек.

Физичари од САД и од Канада ги анализирале основните претпоставки за квантната теорија и сметаат дека доколку го откриеме времето кое се движи во една насока, мерењата направени на честичка можат да се вратат и назад во времето исто како што се движат и напред. Чудно е тоа што во квантната механика, на основно ниво, честичките не се однесуваат како топчиња од билјард кои се движат низ таблата, туку како матни облаци од можности префрлајќи се низ собата. Матниот облак е во фокус кога се обидуваме да ги измериме честичките, па тоа значи дека можеме само да видиме како бела топка удира во црната топка, а никогаш повеќе бели топчиња како удираат црни топчиња.

Експертите се прашуваат дали во квантниот свет може да има разлики што се однесува до времето. Многумина сметаат и дека чудните работи што се случуваат не можат да се објаснат.

Ако две честички се поврзани во просторот на некој начин, мерењето на едната од нив веднаш ја поставува и вредноста на другата, без разлика каде се движи во универзумот. Ова „заплеткување“ било тестирано повеќе пати, па се претпоставува дека тие можеби навистина се во интеракција на локално ниво на одреден начин, и покрај тоа што изгледа дека се оддалечени. Универзумот е навистина збунувачко место.

Ако тоа навистина се случува, тогаш значи дека честичката може да ја носи акцијата од своето мерење назад во времето кога била „заплеткана“, влијаејќи врз својот партнер (другата честичка). Мала група физичари и филозофи сметаат дека оваа идеја треба и понатаму да се истражува.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука