Температурите на Северниот Пол може да бидат до 20 степени повисоки од просечните овој Божиќ, а научниците велат дека станува збор за рекорден топлотен бран.
Научниците велат дека овие топли временски обрасци во регионот на Арктикот во овој период од годината се директно поврзани со неприродните климатски промени. Температурите во текот на ноември и декември беа за 5 Целзиусови степени повисоки од просекот.
За време на летото сателитите снимија дека арктичкиот мраз достигнал втор најнизок степен воопшто некогаш забележан.
Докторката
Фредерике Ото, сениор истражувач на Институтот за промена на животната средина на Оксфорд додала дека научниците се „многу убедени“ дека временските обрасци се поврзани со антропогените климатски промени.
„Kористевме неколку различни климатски пристапи на моделирање и набљудувања. И преку сите наши методи го откривме истото: не можеме да го моделираме топлотниот бран како овој без антропоген сигнал. Доколку Земјата се затоплува тогаш мразот од морето ќе се собере, а водата ќе потемне. Ако температурите продолжат да се зголемуваат како сега, треба да очекуваме дека ваков топлотен бран би се случувал секоја втора година, а тоа би бил голем стрес за еко-системот“- изјавила таа за
Би-Би-Си.
Доктор Торстен Маркус, шеф на
научната лабораторија на НАСА изјавил дека топлотниот бран е многу необичен феномен.
„Страшно е што забележав многу слични температури на Северниот Пол од околу 0 Целзиусови степени во декември пред една година“.
Запрашан дали ваквите услови ќе влијаат на патувањето на Дедо Мраз, доктор Маркус рекол: „Убеден сум дека санката на Дедо Мраз може да се справи во секакви услови, но во иднина наместо дебела зимска облека, Дедо Мраз најверојатно би носел тенка јакна или мантил за дожд“.