X
 01.01.2019 Здравје

Пасивното пушење им ги расипува забите на децата

За детскиот кариес се виновни и пушачите, односно чадот од цигарите, покажува едно истражување на јапонски научници. Врз основа на резултатите до кои дошле кога ја спровеле студијата, експертите заклучиле дека од тоа страдаат дури и бебињата од само неколку месеци.

Експертите ја анализирале здравствената состојба на 75.000 деца родени меѓу 2004 и 2010 година, како и податоците од редовните контроли од нула, четири, девет, 18 и 36 месеци. Нивните мајки требало да пополнат прашалници за степенот на изложеност на чад од цигари на нивните деца, во текот на бременоста, па до третата година од животот.

Кај 6,8 отсто од децата се утврдени директни последици од пасивното пушење и кариес, додека во 13.000 случаи е констатиран кариес на млечните заби. Споредувајќи ги податоците за децата од фамилии во кои има пушачи и од фамилии во кои нема пушачи, утврдено е дека изложеноста на чад двојно го зголемува ризикот од кариес кај четиримесечно бебе.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје