Спиењето е една од најважните работи во животот, но честопати луѓето се борат со инсомнија. Дури 70 милиони Американци патат од нарушувања на сонот, според Center for Disease Control and Prevention.
Бидејќи бројките на луѓето кои се мачат да заспијат е ннавистина голема, постојат неколку совети кои помагаат во совладувањето на сето она што не спречува да заспиеме. Исфрлањето на лошите навиките е првата компонента.
1. Не го проверувајте вашиот телефон кога си легнувате
Светлото кое зрачи од телефоните може да предизвика одложување на сонот, според
последната студија спроведена во 2014.
Користењето на ваквите уреди пред спиење, го намалува лачењето на хормонот мелатонин, па ја одложува РЕМ фазата, а предизвикува и потешкотии во будењето наредното утро.
Доколку сакате нешто да читате пред спиење, тогаш подобро би било тоа да биде книга, отколку електронски уред, според клиниката Мајо.
2. Немојте да конзумирате храна за утеха додека сте во кревет
Комбинирањето на местото за одмор и вкусна храна изгледаат како луксуз, но исходот од таа комбинација е навистина лош, според истражувањата на Women’s Health Magazine. Слатката храна, како газирани сокови, мафини, колачиња и слично можат да привлечат мравки и муви.
Следствено на тоа, овие инсекти можат да ве држат будни цела вечер.
3. Не гледајте телевизија во кревет
Исто како и телефоните, ТВ креира светло кое предизвикува проблеми со спиењето, според Националната фондација за спиење.
Изложувањето на неприродните светла има сериозни последици по здравјето, а се зголемува и ризикот за депресија. Фондацијата препорачува ограничување на гледањето ТВ во кревет.
4. Не работете во кревет
Спалната соба е место за одмор, а не за работа. Колку повеќе работите таму, вашиот мозок го поистоветува тоа место со простор кога треба да биде фокусиран.
Експертите предупредуваат, да се избегнува ваквата активност, за да не се попречува нормалната фаза на опуштање на телото и заспивање.