X
 20.07.2017 Здравје

Во кој момент треба да се загрижите за фактот дека премногу се грижите?

Во денешно време се грижиме за сè и сешто, од приватни проблеми до загриженост за здравјето, работата или, пак, политичките конфликти и природните катастрофи. Привремената анксиозност може да биде здрав одговор на несигурноста и опасноста, но постојаната загриженост и нервоза се знак на генерализирано анксиозно нарушување.

Кај некои анксиозноста се јавува во одредени ситуации, а кај некои постојано, односно тие луѓе се загрижени за секојдневните работи и покажуваат вознемиреност и нервоза за сè што им се случува. Не можат да се ослободат од чувството дека нешто лошо ќе се случи и дека за тоа нема да бидат подготвени. Постојано мислат дека ќе се случи некоја несреќа, па дури се грижат и за тоа што премногу се грижат. Постојано е присутен ирационален страв кој ги парализира и не им дозволува нормално да функционираат.

Телесните симптоми на различни анксиозности се заеднички и вклучуваат забрзано чукање на срцето, сува уста, нервоза во желудникот, напнатост во мускулите, потење, треперење, раздразливост. Овие телесни знаци имаат негативно влијание врз здравјето. Анксиозните луѓе имаат зголемен ризик од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.

Може да помогне таканаречената когнитивно-бихевиоралната терапија, за лицето со анксиозност да препознае како погрешно ги интерпретира случувањата, дека создава непотребни песимистички предвидувања. Терапијата нуди нови одговори на тегобите што предизвикуваат одредени ситуации. За некои луѓе, лековите се важен дел од терапијата.

Претераната загриженост околу различни работи, која трае барем 6 месеци, заморот, проблемите со спиење и немирот, проблеми со концентрација, раздразливост, напнатост и чувство дека сте на работ од силите се симптоми на генерализирано анксиозно нарушување. Ако ги препознаете овие симптоми, мора да посетите лекар, советуваат експертите од медицинската школа на „Харвард“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје