Во денешниот свет каде конфликтите меѓу народите и религиите се сè позачестени, од Либан ни доаѓа прекрасен пример за толеранција.
Во Либан, луѓе од различни религии со векови живееле заедно, во духот на толеранцијата.
За жал и оваа земја не беше „имуна“ на секташтво и заградување во сопствени огради.
Сепак и покрај окупациите и војните што ја разрушуваа оваа блискоисточна земја, без муслиманите, без христијаните, без која било од осумнаесетте различни религии кои егзистираат во земјата, Либан не би бил Либан.
Така овој
муслимански хор за годинашниот Божиќ одлучи да им го збогати празникот на своите христијански соседи со настап во црква во Бејрут, каде што пееја Божиќни песни.