16.01.2019
Образование
Барбареев е амбасадор на наставниците од екс-југословенските земји
Кирил Барбареев, универзитетски професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, е прогласен за амбасадор на најдобрите наставници од екс-југословенските простори. Тој е добитник на Драгманов медал за европска комуникација, односно награда за чест, што се доделува како благодарност за придонес на академската заедница, но и како морална обврска и понатаму со академската работа да ги шири идеите за европско единство.
Барбареев за МИА појаснува дека станува збор за признание, кое го добива од невладината организација „Најдобри наставници од екс-југословенски простори“, која е во зародиш, но веќе има голем интерес од страна на наставниците од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и од Херцеговина. Новата невладина организација ја формираат наставници од поранешните југословенски републики, кои во текот на минатите години се најдоа на листата меѓу 50. најдобри наставници во светот, а еден од иницијаторите е наставничката Весела Богдановиќ, која предава во с. Ивањевци, Битолско.
- Јас сум дел од оваа организација, заедно со наставничката Богдановиќ, која е и еден од основачите, а сум прогласен за амбасадор кој ќе ја промовира работата и ќе биде дел од тимовите. Функционирањето во моментов е на волонтерска основа. Има многу заинтересирани наставници, првата средба ќе биде во Загреб, од 1 до 3 март - вели Барбареев.
Тој забележа дека идејата е да се вмрежат наставниците од овој регион, да има поголема соработка меѓу нив и секоја година да има научни конференции со цел да се споделуваат искуства во делот на образованието и воспитанието на учениците и децата од претшколска возраст.
-Идејата е и да се повикуваат и надлежните од министерствата за образование да бидат дел од тие конференции и да се изгради една култура на заедничка соработка и на почитување. Мислам дека има простор оваа идеја да успее - додаде Барбареев,