Фридрих Ниче вели дека човековиот живот може да се подели на три последователни метаморфози на духот. Првата ја нарекува камила, втората лав, а третата дете. Поентата е дека секое човечко битие мора да го прими наследството на неговото општество. Првата фаза која тој ја нарекува камила е кога човекот го асимилира минатото, кога во себе прима сè она што му е достапно како информација од минатото. Метафората е дека камилата има способност во нејзиното тело да складира големи количини на храна и вода кои се неопходни за нејзиното патување низ пустината.
Минатото станува вашата крв, вашите коски, вашата срж. Вие сте минатото! Човекот не почнува од почеток, затоа што еволуира. Нема потреба да почнува од почеток. Животните не еволуираат. Кучето е исто како што било и пред еден милион години.
Така секоја човечка генерација застанува на рамењата на своите татковци, дедовци и прадедовци. Секоја генерација застанува на рамената на претходната генерација. Ниту кучињата ниту пак волците тоа можат да го направат. Тие зависат сами од себе. Нивната висина е само нивна висина, но нашата висина ја изградиле сите претходници. Колку е поголема асимилацијата толку е поголема и нашата висина.
Но Ниче, вели не застанувајте тука
„Ако застанете во оваа фаза засекогаш ќе останете камила и никогаш нема да ги осознаете убавините и блаженството на животот. Вие ќе останете заглавени во вашето минатото“.
Лавот е реакција, бунт против камилата. Лавот е против сè! Тој сака да уништи сè и да создаде нов свет поблизок до неговата визија. Лавот целиот е его. Затоа тој сака да рика против секој авторитет.
Ниче вели,
„Лавот продолжува да го раскинува огромното чудовиште познато како, јас никогаш нема да успеам“. Многу остануваат заглавени во фазата на лавот. Тие продолжуваат да рикаат и да рикаат се додека не се исцрпат од нивното рикање.
Добро е да се стане лав, но сепак е потребно да се преземе уште еден чекор, а тоа е чекорот во постанувањето на дете. Некои велат дека првото детство е лажно детство. Тоа е слично како првите заби. Тие изгледаат како заби но од нив немаме некаква корист, па поради ова истите паѓаат. Потоа се раѓаат вистинските заби. Второто детство е вистинското детство. Тоа е фаза на детето. Станувате слободни од вашето минато, но не кажувате ништо лошо против него па дури и нема да се свртите против него. Детето е неограниченост, мистерија и чудо.
Превземено од блогот
Еуритмија