X
 27.03.2018 Образование

11 години Штипски универзитет




Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ со низа свечености денеска го празнува патрониот празник. По тој повод присуствуваше и министерката за образование и наука Рената Дескоска, која имаше свое обраќање на свечената академија.
- Универзитетот „Гоце Делчев“ е еден од најмладите државни универзитети, но е доказ како треба да се развива една институција во областа на високото образование. Вашиот универзитет е пример дека само со вредно работење и посветеност може брзо да се напредува кон зацртаните цели - рече Дескоска денеска во Штип.

Министерката истакна дека значајно е и тоа што само по неколку години постоење и функционирање, на последните две рангирања на македонските државни и приватни високообразовани институции, Штипскиот универзитет се искачил на второто место.
- Како професор и министер за образование и наука, цврсто верувам, се борам и ќе се борам за автономијата на универзитетот и слободата на академската мисла. Факултетот не е само место каде што професорите го оценуваат знаењето на студентите, туку тоа е моесто каде што се креираат политиките на една земја, каде што се нудат можни решенија за одредни проблеми со кои се соочува општеството и светот околу нас - потенцираше Дескоска.

Ректорот на Универзитетот, Блажо Боев изјави дека во изминатите 11 години макотрпно работеле за да се изгради установа што нуди квалитетно образование на студентите. Тој позитивно го оцени предлог законот за високо образование кој според него, ќе придонесе за развој на Универзитетот.
Обраќајќи им се на студентите, министерката Дескоска, истакна дека тие се и треба да останат прогресивната сила во нашата земја и дека тие треба да ги шират идеите за напредокот, идеите на 21 век, идеите за толеранцијата и соживотот.

Во рамките на одбележувањето на 11 години од формирањето на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип организирани беа низа настани, промовирани доктори на науки, како и нови изданија и книги.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование