X
 16.08.2016 Технологија

Работните места кои ќе ги изгубиме во битката со машините

Австралискиот технолошки претприемач Ентони Голдблум ги предупредува сметководителите, адвокатите и радиолозите: вашите работни места ќе ги преземат машините.

Во неговиот ТЕД говор, oсновачот на платформата „Kaggle“ предлага едноставен тест ако некогаш сте се запрашале дали вашата професија е во опасност.

„До која мера професијата бара задачи со висок капацитет и до која мера вклучува справување со важни ситуации?“, прашува Голдблум.

Компаниите за рутински ревизии, пишување и прегледување на правни договори како и инспекција на медицински слики се области ранливи на автоматизација.

„Со оглед на правилните податоци, машините ќе ги надминат луѓето во задачи како овие“, вели тој.

Од друга страна пак, ќе бидат потребни даночните сметководители и адвокати за сложени даночни структурирања за да ги толкуваат законите.

Слично на тоа, креативните и стратешките професионалци ќе бидат од голема потреба за создавање на маркетинг кампањи и бизнис стратегии со цел да пронајдат дупки на пазарот.

Машинското учење е моќна форма на вештачката интелигенција со која компјутерите ги набљудуваат податоците и учат да ги имитираат активностите што ги извршуваат луѓето.

Меѓутоа, машините се помалку ефикасни со справување со нови ситуации и не се толку добри во задачите за кои немале искуство претходно.

„Луѓето имаат способност да поврзат навидум различни теми со цел да ги решат проблемите со кои не се сретнале никогаш претходно. Ова ги ограничува машините“, вели Голдблум.

Извештај од консултантот по менаџмент МекКинсеј вели дека една од најтешките работи да се автоматизираат сегашните технологии е вклучувањето на управување и развој на луѓето или пак професии за кои е потребно донесување одлуки, планирање или креативна работа.

„Овие активности често се карактеризираат како работа спроведена со знаење, и се разликува од кодирањето на софтвер, создавањето менија или пишувањето промотивни материјали“, вели МекКинси.

Анализата на МекКинзи на 2.000 работни активности заклучува дека автоматизацијата има потенцијал да оди подалеку од рутинските производни активности. Околу половина од работното време, професионалците по финансии и осигурување го трошат на прибирање и обработка на податоци. Тука потенцијалот за автоматизација е висок, вели МекКинзи. Оттука, околу 43% од финансиските активности би можеле да бидат автоматизирани, а најмногу изложени би биле хипотекарните брокери, агентите за продажба и работниците во банките.

Денес, голем број сметководствени фирми вработуваат илјадници ревизори кои ги проверуваат финансиските извештаи на корпоративните клиенти.

Иако постојат некои аномалии кои покажуваат дека машината не може да разбере се', особено кога бизнисот се обидува да го измами системот, според Голдблум алгоритмите ќе бидат доволно паметни за да го известат човекот да направи проверка.

Во овој развој на пазарот на труд, ликвидацијата на работните места ќе вклучуваат задачи кои ќе бидат поинтересни.

„Ќе има помалку луѓе во овие професии, меѓутоа ќе се подобрат работните места бидејќи повторливите и досадните делови од работата ќе бидат отстранети“, вели Голдблум.  


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија