Лажните вести претставуваат сè поголем проблем и социјалните мрежи наоѓаат нови начини за борба против нив. Новите иницијативи имаат цел да ги едуцираат помладите генерации за начините на кои се препознава точноста на информациите што се споделуваат, додека постарите генерации остануваат препуштени сами на себе, а тоа придонесува тие да бидат најодговорни за ширење дезинформации.
Според резултатите од најнова студија, за ширењето на лажните вести најодговорни се интернет-корисниците постари од 65 години. Припадниците на оваа старосна група седумпати повеќе споделуваат дезинформации за разлика од корисниците помлади од 29 години. Тоа важи за сите, без оглед на општествениот статус и нивото на образованието.
Иако студијата не дава одговор на прашањето зошто постарите корисници се посклони кон споделување лажни вести, се претпоставува дека станува збор за недостиг на дигитална писменост и вештини кои на помладите генерации што растат покрај компјутер веќе им станаа составен дел од
личноста.