Поттикната од лажните вести што се ширеа по интернетот за време на претседателската кампања на Трамп на претходните американски избори, новинарката Меги Фарлеј дошла до интересна идеја: да создаде игра која ја тестира способноста на корисниците да направат разлика помеѓу лажните и вистинските вести.
Играта е наречена „Factitious“ и од корисниците бара да го поместат екранот налево доколку мислат дека дадената статија е лажна, а надесно ако веруваат дека е вистинска.
Во зависност од вашето расудување, играта ви доставува повратна информација.
Фарлеј вели дека нејзината таргет-публика биле средношколците, меѓутоа, кога ја споделила идејата со колегите, таргет-публиката се проширила.
„Нема да го решиме фактот што две различни
реалности се прикажани на интернет. Но ако постојат луѓе што се наоѓаат во средината и се отворени за поставување прашања, тогаш сакам да ги охрабриме“, вели Фарлеј.
ТУКА може да ја играте играта.