X
 16.01.2020 Технологија

Ова се најчесто фалсификуваните смартфони за 2019 година

Кинескиот бенчмарк „Мастер Лу“ ја објави топ-листата со најчесто фалсификувани паметни телефони за 2019 година.

Не изненадува податокот дека најчесто фалсификувани паметни телефони се оние на „Самсунг“ и на „Епл“, со тоа што „Самсунг“ има удел од 28,7 отсто меѓу фалсификуваните модели, додека уделот на „Епл“ е 15,88 отсто.

Кога станува збор за специфични паметни телефони, во Кина најчесто е фалсификуван телефонот на преклопување на „Самсунг“, моделот W2018 (откриени 4.688 фалсификати). На второто место се наоѓа ајфон 8 со 4.445 фалсификати, а на третото ајфон XS Max со 2.499 фалсификати.

Понатаму на листата се најдоа уреди како ајфон Х, самсунг W2019, галакси S8+, шаоми Mi Max, Mi 9 и други.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија