Замислете кино во кое може да гледате филм заедно со вашето домашно милениче. Во Тексас едно кино веќе го дозволува ова.
Фото: Facebook.com/k9cinemas
Станува збор за првото кино на светот во кое е дозволен влез за кучиња. „К9 Синемас“ било отворено во Плано, Тексас, во 2018 година. Има ограничен број на места за секој филм бидејќи на секое место може да седнат едно лице и две кучиња. Билетот чини 15 долари, а во него се вклучени и бесплатни пијалаци. Во текот на филмот е дозволено и јадење за кучињата и за луѓето.
Фото: Facebook.com/k9cinemas
Киното прикажува само класични филмови, а по завршувањето на филмот сопствениците треба да го исчистат местото. При првата посета се бара и документ за здравјето на кучето од ветеринар.
Извор:
Brightside.me