X
 16.02.2021 Здравје

92,5 отсто помалку заболени од сезонски грип во споредба со истиот период лани

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 539. Ова претставува 92,5% помалку во споредба со истиот период лани и 94,5% помалку во однос на типичната сезонска крива.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во петтата недела од 2021 година пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Во Македонија, заклучно со петтата недела, вакцинирани се вкупно 39.488 лица против сезонски грип. Вакцинирани се вкупно 28.922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10.566 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Мерките за заштита од Ковид-19 придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје