X
 12.01.2017 Образование

Зимскиот распуст продолжен поради грипот

Поради грипот, зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров по состанокот со Комисијата за заразни болести со цел намалување на опасноста за ширење на грипот кој оваа сезона зема голем замав.



Учениците ќе се вратат во училишните клупи на 23 јануари, што значи дека распустот е продолжен за два дена, 18 и 20 јануари. Празникот Водици кој е на 19 јануари секако е неработен ден. Факултети мк. денеска ги контактираше надлежните во МОН со прашање дали ќе се продолжи зимскиот распуст, но оттаму ни рекоа дека за таа мерка ќе се донесе одлука деновиве.

Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови со организиран јавен превоз, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие од учебната година. Надлежнте денеска соопштија дека и две деца на возраст од 3 и 4 години починале од грипот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование