X
 16.03.2019 Култура

Сите предавства од „Игра на троновите“ во еден инфографик

Веројатно сите вие што сте ги изгледале седумте сезони на „Игра на троновите“ сте навикнати на предавства. Во хит-серијата имаше толку многу предавства, што веројатно не се сеќавате кој кого предаде.

Благодарение на „Венгejг“, веб-страница за графички дизајн, е создаден инфографик (што содржи многу спојлери) за фановите подобро да ја анализираат серијата во пресрет на премиерата на новата сезона.

За да се создаде оваа импресивна мапа на (не)лојалност, вработените во оваа веб-страница ја изгледале секоја епизода од седумте сезони, пребројувајќи ги мрежите на предавство, жртвите и мотивите. Тие откриле дури 83 предавства - просечно околу 1,2 предавство во епизода или едно предавство на секои 45 минути. Со шест епизоди од осмата сезона и околу 330 минути тоа значи дека ќе бидеме сведоци на уште седум или осум предавства во последната сезона.

Со оглед на начинот на кој се движи, Серсеј Ланистер има најголема веројатност повторно да предаде некој. Таа е одговорна за 8,4 отсто од предавствата во серијата, а единствен што може да ѝ парира во серијата е Питер Бејлиш.

1
Фото: Venngage


Дебелината на линиите покажува колку било значајно предавството. Пред да почине, Бејлиш ги извршил двете најзначајни предавства - на Нед Старк и Џофри Баратеон. Гледајќи ги Серсеј и Џејми, балансот на значењето на предавството јасно насочува кон Серсеј.

Ликот врз кој најмногу влијаеле предавствата е Мајката на змејовите, Денерис, што помага да се оправда нејзиниот целокупен комплекс на жртва/месија. Така, сите оние што ја предадоа Денерис, со исклучок на Џора, умреа. 

2
Фото: Venngage

Нед Старк апсолутно не предал никого, нагласувајќи го основниот закон во кралството: лојалноста кон човекот ретко се исплаќа. Лојалноста кон царството, пак, се чини дека добро се исплаќа. Во центарот на мрежата се наоѓа Варис. Сите оние линии ги означуваат неговите суптилни нелојални дела.

Сепак, предавството не се исплаќа секогаш и оние чии предавства ги надминуваат нивните мачења честопати се среќаваат со уште поужасен крај - особено Бејлиш и Ремзи Болтон. Оние што најчесто ја играат улогата на жртва (во предавството) - Денерис, Џејми, Тирион - преживеале во секоја сезона.

Веб-страницата ги анализирала и мотивите зад секое предавство. Бидејќи предавството прво бара доверба, повеќето од нив се случиле меѓу семејството и пријателите. И во двете категории мотивот обично бил глад за моќ. Но, Тирион и Џејми не се транспарентно мотивирани од моќта. Тие се мотивирани од должноста и правилноста. А сите знаеме што се случува кога ликовите одат по правилниот пат.

3
Фото: Venngage
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура