Ако сте голем обожавател на „Игра на троновите“, тогаш веројатно ги броите преостанатите 48 недели до премиерата на 8 сезона од серијата. Но, Ејч-Би-О сега малку ги задоволи нашите апетити со новиот трејлер за 8 сезона.
Помина една година откако Армијата на мртвите си го присвоија змејот. Откако претходно имаа проблеми со протекувањето на спјлерите, продуцентите Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс сега ги преземаат сите можни мерки за овој пат работите да бидат како што треба.
Иако
трејлерот трае три секунди, доволно е да ги возбуди фановите. Во него, ќе видите како Џон Сноу ја прегрнува неговата сестра Санса Старк. Тука е и „дракарис“, Ноќниот крал, како и тензија помеѓу Џон Сноу и Денерис после жешката сцена во 7 сезона.