X
 19.07.2017 Култура

Фан на „Игра на троновите“ открива важен доказ

sem

Внимание - содржи спојлери од првата епизода од седмата сезона на „Игра на троновите“.

Интернет-корисниците се навистина неверојатно добри кога станува збор за дешифрирање на буквално најситните докази.

Ако има нејасен одраз во трејлерот, тие ќе го дешифрираат. Ако постои најмала шанса одредена мапа да навестува како ќе се одвива приказната, тие ќе ја дешифрираат мапата. Во светот на „Игра на троновите“ ниту еден детал не е доволно мал за да остане незабележан.

12
Фото: Reddit


Најновиот доказ доаѓа од книгите на Семвел Тарли поврзани со оружјето со кое се убиваат Белите шетачи - „dragonglass“. Во понеделникот, еден корисник на „Редит“ започна да го анализира текстот на книгата што ја читаше Сем.

Има многу зборови што недостигаат, меѓутоа, грубиот препис би бил вака.

1

Вториот параграф е оној на кој треба да се обрне внимание - особено речениците во кои се споменуваат „dragonglass“, „cure“ и „ingestion“.

2

Дали е можно додека Сем е зафатен со ловење на најефикасниот начин да открие каде е ова оружје за борба против Белите шетачи, да наиде на неговите лековити својства?

3

Кој во моментов има сериозна потреба од медицинска помош, и кој се наоѓа на истото место каде што е и Сем? Да, Џора Мормонт.

Во случај да сте заинтересирани, ова е дел од дешифрираниот текст од страниците на книгата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура