16.04.2019
Наука
Израелски научници го претставија првото 3Д-печатено срце
Научниците во Израел претставија тродимензионално печатено срце со човечко ткиво и крвни садови, нарекувајќи го прв и „голем медицински пресврт“ кој придонесува за можностите за трансплантација.
- Срцето, со големина колку на зајак, означува дека првпат некој успешно дизајнирал и испечатил цело срце, снабдено со клетки, крвни садови и комори - истакна раководителот на проектот - Тал Двир од Универзитет на Тел Авив.
Тој потсети дека и претходно се печатени 3Д-структура на срце, но не се клетки и крвни садови.
Научниците велат дека постојат многу предизвици пред целосно оперативни тродимензионални печатени срца да бидат достапни за трансплантација на пациенти.
Истражувачите сега мора да ги научат печатените срца „да се однесуваат“ како вистински, а потоа планираат да почнат со трансплантација кај животни.
- Можеби за 10 години ќе постојат печатени органи во најдобрите болници во светот и овие процедури ќе се изведуваат рутински - изјави Двир.
Извор: МИА