25 годишен човек од Мичиген успеал да преживее 555 дена без срце, а притоа да тренира и кошарка.
Стен Ларкин ја добил дијагнозата за наследна кардиомиопатија на 16 годишна возраст, откако изгубил свест за време на неговиот кошаркарски тренинг.
Во декември 2014 година докторите му го извале срцето кое му откажало. На листата на чекање за нов орган се наоѓале 100 луѓе пред Ларкин, па тој станал првиот жител на Мичиген кој имал „SynCardia Freedom“ вештачко срце кое со помош на компресиран воздух пумпа крв низ целото тело.
Пред Ларкин, никој не можел ниту да претпостави какви можности нуди оваа машина, а се покажа дека работи навистина добро.
„Ларкин го поттикна развојот на оваа технологија“, вели неговиот доктор.
И покрај тоа што на грбот постојано мора да носи ранец во кој се наоѓа комплицираната машина, тој не се откажа од неговиот активен живот. Ново човечко срце доби минатиот месец.