Компанијата „Дизни“ откри детали за новата стриминг-платформа „Дизни +“, на која за седум долари месечно може да се гледаат 8.000 филмски и телевизиски емисии.
Новата платформа, меѓу другото, ќе ги понуди и сите анимирани и играни филмови на „Дизни“ и „Пиксар“, сите филмови и серии „Војна на ѕвездите“, филмовите на „Марвел“, документарни филмови на „Нешнел џиографик“ и сите епизоди на „Симпсонови“. Со текот на времето ќе биде додавана и нова содржина.
Компанијата „Дизни“ откри и дека оваа услуга ќе биде достапна на низа уреди, како што се паметните телевизори, телефони, таблети итн. Тоа ќе им овозможи на корисниците да ги преземат содржините и да ги гледаат и кога не се онлајн.
Од ноември услугата ќе биде достапна во САД, а постепено ќе биде
проширена и во остатокот од светот. Се проценува дека до 2020 година услугата ќе ја користат околу 7,2 милиони луѓе.