Просечната работна недела во Европската Унија трае 40,2 часа. Според најновите достапни податоци од „Евростат“ од 2017 година, мажите низ Европа работеле 41 час неделно во просек, додека жените 39,3 часа неделно.
Вработените во секторот рударство и вадење камен работат најдолго - просечно околу 42 часа, додека најкратка работна недела имаат работниците во образованието - 38,1 часа.
Во земјите-членки на ЕУ најдолга работна недела има Обединетото Кралство - 42,1 часа неделно. На второ место се наоѓа Швајцарија со 41,8 час, Кипар со 41,6 час, Австрија со 41,3 час, и Грција и Португалија со 41 час. Најкратка работна недела има Данска, која е и единствената држава со помалку од 38 часа неделно - 37,8 часа.
Кога станува збор за земјите што не се членки на ЕУ, а се опфатени во истражувањето, најдолга работна недела има Турција - 49,1 часа. Веднаш зад неа се Исланд со 44 часа, Црна Гора со 43,6 часа и Македонија со 42,3 часа.
Истражувањето на „Евростат“ опфати и земји од Западен Балкан. Од овие земји Хрватска има најкратка работна недела - 40,4 часа, Словенија 40,9 часа. Во нашата земја просекот е 42,3 часа неделно.