X
 16.04.2020 Живот

Охрабрувачки цитати за социјалното дистанцирање што ќе ви помогнат да се справите со изолацијата

Бидејќи коронавирусот брзо се шири низ целиот свет, државите се затвораат, а владите ги охрабруваат луѓето да практикуваат социјално дистанцирање и да останат дома.

Социјалното дистанцирање е чин на одвојување од јавноста поради заразна болест за време на пандемија.

На интернет постојат многу скептици кои создаваат митови и теории на заговор поврзани со вирусот и го доведуваат во прашање повикот за самоизолација. Но, треба да сте свесни за сериозноста на ситуацијата и да ги следите мерките дадени од владата.

- Осаменоста е важна, а за некои луѓе тоа е воздухот што го дишат.

- Домот е местото каде што живее љубовта, каде што се создаваат спомени, каде што пријателите секогаш се добредојдени и каде што смеата никогаш не завршува.
 
- Колку е добро чувството кога заминуваме од дома и колку е подобро кога се враќаме дома.

- Она што најмногу го сакам во останувањето дома во самоизолација е личноста со која го делам домот.

- Домот е засолниште од бурите - од сите видови бури.

- Немојте да мислите дека интроверзијата е нешто што треба да се излекува... поминете го слободното време онака како што сакате, а не онака како што мислите дека треба.

distanciranje
Фото: Unsplash

- Целта на животот не е да победите. Целта на животот е да растете и да делите. Кога ќе погледнете наназад на сето она што сте го направиле во животот, ќе бидете посреќни поради задоволствата што сте им ги овозможиле на другите луѓе.

- Без оглед на тоа кој си и каде си, инстинктите ти велат да одиш дома.

- Здравата надворешност почнува однатре.

- Да го чуваш телото во добро здравје е должност, инаку нема да можеме да го одржуваме нашиот ум силен и бистар.

- Здравјето не се вреднува додека не дојде болеста.

- Грижете се за вашето тело. Тоа е единственото место каде што мора да живеете.

- Оние што мислат дека немаат време за здрава исхрана, порано или подоцна ќе треба да најдат време за болеста.

- Комуникацијата е само размена на информации, но поврзаноста е размена на нашата хуманост.

- Сè што правиш има влијание. Кој си, што си - всушност е важно. Во меѓусебно поврзан свет нашите постапки и постапките на другите се неразделно поврзани - ние секогаш и засекогаш сме во танц со заемното влијание со оние со кои директно и индиректно учествуваме. Неизбежна реалност е да бидеме социјални суштества, зголемени со постојано сложената и испреплетена општествена структура. Еден на друг си сме важни.

- Тишината им е застрашувачка само на луѓето што компулсивно вербализираат.

- Мисли позитивно и вежбај секој ден, храни се здраво, работи напорно, остани силен, грижи се помалку, читај повеќе и биди среќен.

- Пандемиите се тежок тест... бидејќи не само што се обидуваме да ги заштитиме луѓето што ги познаваме, туку и луѓето што не ги познаваме и за кои не се грижиме.

- Ширењето на коронавирусот низ светот нè повикува да ги потиснeме нашите длабоки човечки и еволутивни импулси за поврзување: средби со нашите пријатели, собирање во групи и допирање еден со друг.

Извор: Yourtango.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот