X
 24.04.2020 Здравје

Белгиско пристаниште ќе тестира алки за социјално дистанцирање

Вработените во пристаништето во Антверпен следниот месец ќе почнат да тестираат алки направени од белгиска компанија чија цел е да го гарантираат социјалното дистанцирање.

„Ромбит“ е компанија која произведува спортски часовници и алки кои вклучуваат аларм доколку некој доживее несреќа во текот на спортувањето. Неодамна компанијата направила нов софтвер кој може да им помогне на работниците да ја задржат дистанцата во однос на останатите за време на работата.


Фото: Pixabay

Имено, алките на „Ромбит“ пуштаат сигнал доколку некој се приближи до вас на далечина од помалку од 1,5 метар. Програмерите сметаат дека алките може да помогнат да се следат заразените со коронавирус.

Џон Бекелманс, извршен директор на компанијата, вели дека апликацијата не дозволува следење на локацијата. Уредите само комуницираат меѓусебно наместо со централен сервер или преку интернет.

На пристаништето во Антверпен работат приближно 60.000 луѓе. „Ромбит“ вели дека веќе добиле барања за алки од 400 до 500 компании од 99 земји.

Извор: dailysabah.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје