Две одделни истражувања покажале дека истражувачите се навистина блиску до создавање универзална, а можеби и трајна вакцина за грип која би ја елиминирала потребата за повеќекратно боцкање, пренесува „Tech times“.
Според двете истражувања, истражувачите откриле дел од вирусот кој доколку е нападнат, тоа може да значи ефективна имунизација за поширок спектар на вирусите кои го носат грипот.
„Ова е одличен почетен чекор. Се надеваме дека ќе имаме вакцина која ќе ги покрива сите пандемски вируси“, изјави професорот Џон Оксфорд од Универзитетот во Лондон во однос на напредокот.
Инаку, вакцините за грип се менуваат секоја година бидејќи вирусите за грип многу често мутираат. Поради ова, методите за спречување на грипот се неефективни, особено кај постарите луѓе, кадешто грипот може да доведе и до смрт.