X
 16.05.2023 Живот

Паркинг за хуманитарни и еколошки цели - идеја на средношколци волонтери во Црвениот крст - Кавадарци

Младите херои на ЦКА-ПХВ програмата на Црвениот крст рушат рекорди низ државата со своите иницијативи и активности!!!
На иницијатива на Црвениот крст Кавадарци, ЈП Паркинг Кавадарци и СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ од Кавадарци, од каде што се и младите волонтери на Црвениот крст вклучени во програмата ЦКА-ПХВ, донесена е одлука на Совет на Општина Кавадарци за воведување две паркинг-места за хуманитарен паркинг и две места за еколошки паркинг.

Собраните средства од СМС-пораки од возачите што ќе паркираат на овие паркинг-места ќе одат на две посебни потсметки и ќе бидат наменети за хуманитарни цели (купување медицинска опрема, операции на деца и сл.), како и за еколошки цели во градот. Направен е експериментален пресек за 9 работни дена од кој може да се види дека од СМС-пораки се собрани околу 5.000 денари. Ако се продолжи со ова темпо, месечно би се собрале до 12.000 денари, а годишно околу 120.000 денари, што е позавидна сума со која може да ѝ се помогне во заедницата.



Младите волонтери од сите средни и основни училишта, предводени од нивниот дисеминатор Даниела Лазовска, успешно изработија и реализираа 7 мали проекти.

Целта на овие проекти е младите да се инкорпорираат во заедницата и да го дадат својот придонес.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот