Проблемите со форматирањето при копирање и „лепење“ на текстот, односно функцијата „copy-paste“ во документите на „Мајкрософт ворд“, конечно се минато.
„Мајкрософт“ го решил тоа така што овозможува автоматско форматирање на текстот, во обликот што веќе го користите во вашиот ворд-документ, со „paste“ опцијата од претходно, достапна преку кратенката ctrl наречена „мерџ форматинг (merge formatting)“.
Претходно, копирањето текст во документ на „Мајкрософт ворд“ од друг извор беше како „минско поле“, бидејќи форматирањето на тој текст може да биде значително различно во зависност од неговото потекло. Самото копирање и вметнување неколку збора во постојниот, внимателно изработен документ предизвикуваше хаос во форматирањето, при што корисниците не можеа да ги синхронизираат своите фонтови или порамнувањето, трошејќи драгоцено време на рачно приспоспобување и копирање на форматот преку пасуси или страници.
-„Залепи“ (Paste) е едно од најчестите дејства на корисниците на „Ворд“, но исто така може да потрае подолго - напишала Али Форели, менаџер за производи во тимот на „Мајкрософот ворд“, во блог пост кој ја објавува промената.
Отсега, стандардната опција при вметнување во ворд-документ од други програми ќе биде „мерџ форматинг (спојување и форматирање)“, што треба да им стави крај на главоболките предизвикани од рачното форматирање.
За да проверите дали „Формат мерџ (Format Merge)“ е стандардната опција, одете во вообичаеното мени „Залепи (Paste)“ (Фајл (File) > Опции (Options) > Напредни (Advanced) > Сечи, копирај, залепи (Cut, copy, and paste), со можност да пробате различни опции за лепење текст, како и досега, со претходната опција „Задржи го форматирањето на изворот (Keep Source Formatting )“ која сè уште е достапна, но исто така и „Вметни како слика (Paste as Picture )“ и „Задржи само текст (Keep Text Only)“.
Форели вели дека оваа промена ќе значи дека залепениот текст ќе го задржи форматирањето од оригиналниот извор, на пример, ако е болдиран или е дел од листа или табела.
Оваа функција сега е достапна за сите корисници на „Ворд“ со верзија на „Видоус 2405 (Билд 17624.20000)“ или понова верзија, но сè уште не е достапна за „Ворд“ за веб или „Ворд“ за „Мак“.
„Мајкрософт“ неодамна ја поддржа кратенката „Контрол + Шифт + В (Control + Shift + V)“, која им овозможува на корисниците да залепуваат текст без никакво форматирање, а фактот дека оваа најнова промена доаѓа по повеќегодишни жалби покажува дека големите технолошки компании ги слушаат своите корисници.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik