X
 16.06.2017 Култура

Ѕирнете во домот на Ернест Хемингвеј

Хемингвеј живеел на доста егзотични и интересни места. Денес е вистинско доживување да ѕирнете во некое од тие волшебни места каде настанале ремек-делата на светската литература.

Едно од поомилените места на Хемингвеј била неговата вила на Ки Вест, која денес е отворена за јавноста. Таму можете да седнете на неговата работна маса и да го почувствувате амбиентот во кој настанал романот „За кого бијат камбаните“, „Да се има и да се нема“...

Сето тоа е надополнето со вкусот на вискито во кое можете да уживате додека седите во феноменалниот амбиент на работната соба на Хемингвеј.

Хемингвеј живеел со својата втора сопруга во оваа убава вила од 1931 до 1939 година.

Скриена меѓу палмите и прекрасно уредените градини, раскошната вила овозможува да ѕирнете во автентичниот амбиент со кој Хемингвеј бил опкружен.

Близу до куќата се наоѓа светилник кој му бил од голема помош на славниот писател кога се враќал напиен од омилениот бар „Sloppy Joe's“.

Кога неговиот омилен бар ја променил локацијата, Хемингвеј ја искористил можноста и го зел писоарот од WC. „Толку пари „потрошив“ во овој писоар така што сега ми припаѓа мене“, рекол Хемингвеј. Подоцна, од него била направена фонтана од која денес пијат мачките.

Janoinen kisu! #cat #6toedcat #ernesthemingwayhouse #keywest #thirsty #catsofinstagram #thirstycat

A post shared by Heidi Salminen (@heippa2u) on

Ернес Хемингвеј имал посебно домашно милениче - неговиот мачор Снежана, со шест прсти. Денес, на неговиот некогашен имот живеат околу 60 машки со шест прсти, негови потомци.

헤밍웨이가 키웠던 앞발가락 6개 고양이의 후손. #cat #ErnedtHemingwayHouse #keywest

A post shared by sizka (@aram1214) on

Освен што ги сакал мачките и алкохолот, Хемингвеј бил страствен ловец и рибар, а неговата спортска опсесија бил боксот. Писателот толку го сакал овој спорт што во дворот направил боксерски ринг каде организирал бокс натпревари на кои и тој учествувал.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура