X
 04.06.2017 Култура

Говорот на Ернест Хемингвеј при примањето на Нобеловата награда

„Пишувањето, во најдобар  случај, е осаменички живот.“

Во октомври 1954 година Ернест Хемингвеј ја добива Нобеловата награда за книжевност. По доделувањето дава изјава за јавноста која останува запаметена до денес, и во која наведува дека други пред него ја заслужиле истата.

Тој одбива да оди во Стокхолм и лично да ја прими поради 2 авионски несреќи кои претходно му се случиле и во кои останал жив, а од американскиот амбасадор таму побарал да го прочита неговиот говор:

„Немајќи вештина да подготвам говор, ниту ораторски способности, и притоа не сум реторички доминантен, сакам да се заблагодарам на управителите на фондацијата и на великодушноста на Алфред Нобел за оваа награда.

Ниту еден писател кој веќе знае за големи писатели кои не добиле Нобелова награда не може да ја прими поинаку освен со понизност. Не треба да се набројуваат овие писатели. Секој овде може да направи своја сопствена листа според своето знаење и својата совест.

Би било невозможно да барам од амбасадорот на мојата земја да чита говор во кој писателот ги кажал сите оние работи кои му се во срцето. Работите за кои човекот пишува можеби не се забележуваат веднаш и понекогаш тоа е среќна околност; но на крајот тие се сосема јасни и по нив и по степенот на алхемијата која ја поседува, тој ќе истрпи или ќе биде заборавен.

Пишувањето, во најдобар случај, е осаменички живот. Друштвото на писателот му ја ублажува писателската самотија, но се сомневам дека го подобрува неговото пишување. Нему му расте угледот во јавноста додека ја губи својата осаменост и често неговата работа се влошува. Ако работи сам и ако е доволно добар писател, тој мора да се соочи со вечноста или со недостаток од неа, секој ден.

За вистинскиот писател секоја книга би требало да е нов почеток каде што тој се обидува во нешто што не му е на дофат да го достигне. Тој би требало секогаш  да се обидува да прави нешто што уште никој не го направил или што другите не успеале да го постигнат. Потоа понекогаш, со многу среќа, тој ќе успее.

Колку би било едноставно пишувањето на книжевни дела ако е само неопходно да се напише на друг начин она што било добро напишано?! Тоа е затоа што сме имале толку добри писатели во минатото така што писателот е протеран од минатото каде што може да оди, таму каде што никој не може да му помогне.

Зборував предолго за еден писател. Писателот треба да пишува за она што има што да каже, а не да збосува за тоа. Повторно, Ви благодарам.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура