X
 13.05.2015 Култура

Единствениот совет на Хемингвеј кој ни е потребен


За многумина, станувањето рано и работењето по будењето е многу тешко, но Хемингвеј би ве советувал да го сторите токму тоа. Рутината на Хемингвеј претставува стратегија за продуктивност кога станува збор за извршување задачи и напредување.

Според Хемингвеј, наједноставното решение за постигнување на сè во тек на еден ден гласи: Секој ден прво направете го она што е најважно.


Да се биде продуктивен значи завршување неколку важни работи со постојан ритам и одржување на тој континуитет, наместо завршување што повеќе работи најбрзо можно.

Стратегијата на Хемингвеј е најефикасна. Доколку кога станете рано наутро прво ги направите најважните работи, така целиот ден ќе имате завршено нешто важно. Тоа во секој случај е добро, дури и доколку направите помалку важни работи во текот на денот.

Луѓето не сакаат да ги оставаат работите незавршени. Хемингвеј го знаел тоа и поради тоа го применувал својот метод. Вреди да се проба, не?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура