Минатата година безбедносната компанија „Пало Алто Нетворкс“ забележала дека на „Гугл Плеј“ се наоѓаат 145 заразени апликации, од кои повеќето носат и по две заразени бази на податоци. Сите ја поминале проверката бидејќи не го напаѓаат „Андроид“ системот туку „Виндоус“, па затоа „Плеј Протект“ воопшто не ги забележал.
Според извештајот на „Пало Алто Нетворкс“, станува збор за точно 145 апликации што корисниците ги инсталирале од „Гугл Плеј“, а ги заразиле компјутерите кога корисниците ги приклучувале нивните паметни телефони преку УСБ. Ниедна од нив не може да му направи штета на самиот „Андроид“ систем, па без проблем го поминале „Плеј Протект“, алатка на „Гугл“ за откривање на штетните апликации.
Фото: Getty Images
Некои од изворите од кои се прошириле вирусите би можеле да бидат компјутери на развојните програмери, што самите биле заразени, а потоа вирусите преку апликации се прошириле и на компјутерите на корисниците. „Пало Алто Нетворкс“ истакнува дека истите програмери можеле да постават и заразени и незаразени апликации на платформата.
Станува збор за апликации што на „Гугл Плеј“ биле поставени во октомври и ноември минатата година, што значи дека таму поминале повеќе од шест месеци и многу имаат над илјада преземања и четири ѕвезди.
- Многу од заразените апликации може да содржат повеќе бази на податоци, различни локации и имиња, а носат вируси. Во повеќето случаи секоја апликација носи два вируса - пишуваат од „Пало Алто Нетворкс“.
Проверете дали имате некоја од овие заразени
апликации:
„Learn to Draw Clothing“, „Modification Trail“, „Gymnastics Training Tutorial“, „Baby Room“, „MotorTraiL“, „Tattoo Name“, „Car garage“, „Japanese Garden“, „House Terrace“, „Skirt Design“, „Yoga Meditation“, „Shoe rack“, „Unique T-shirt“, „Mens Shoes“, „TV RuanG TaMu“, „Idea Glasses“, „Fashion Muslim“, „Bracelet“, „Clothing Drawing“, „Minimalist Kitchen“, „Nail Art“, „Ice cream stick“, „Roof“, „Children Clothes“, „Home Ceiling“, „PoLa BaJu“, „Living room“, „Bookshelf“, „Knitted Baby“, „Hair Paint“, „Wall Decoration“, „Painting Mahendi“, „Bodybuilder“, „Couple shirts“, „Unique Graffiti“, „Paper flower“, „Night gown“, „Wardrobe Ideas“, „Dining table“, „Gymnastics“, „Use Child“, „Window Design“, „Hijab StyLe“, „Wing Chun“, „Fencing Technique“.