X
 20.05.2017 Технологија

Нова алатка на „Google“ која ќе ве фасцинира

1

Во ноември, „Google“ го објави својот експеримент со вештачка интелигенција во кој ги замоли корисниците да нацртат предмет и да видат дали нервната мрежа на вештачката интелигенција може да го идентификува вашиот цртеж. „Quick Draw!“ беше претворена во алатка која ги претвораше цртежите во таканаречен „clip art“ врз основа на најдобрите добиени резултати, помагајќи им на луѓето да додадат визуелна икона на нивниот труд без да имаат некаков уметнички талент.

Оваа недела, „Google“ ги објави податоците кои ги доби од „Quick Draw!“ за да ви покаже како 15 милиони луѓе ги цртаат истите предмети. Фасцинантен поглед на тоа како луѓето интерпретираат одреден предмет - од мајмуни до падобрани и телефони.

Резултатите се прилично неверојатни!

Цртеж од жаба.

zaba

Интересни јога позиции.

joga

Во зависност од уметникот, повеќето од овие цртежи се интерпретирани како авто-портрет. Некои лица имаат долга коса, некои големи очи, некои очила.

lice

Резулатите од змејот се фасцинантни, со доста разновидности.

zmej
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија