X
 22.05.2021 Наша тема

Наместо „здраво“, поздрав со „имаш дупликати?“ Еуфорија за менување сликички со фудбалери

Дечки, го имате Елмас? Уште тој ми фали од Македонците. Јас го наполнив албумот, сега му помагам на другаров. Амблемот на Италија го имаш? Тебе уште колку ти фалат? Оди пред Бисер, таму има многу што менуваат, го опишува Дејан начинот на кој тече разговорот во текот на менувањето со сликички.

„Хоби за возрасни деца“. Така некои ја нарекуваат заразата со собирање сликички со фудбалери во пресрет на големите натпреварувања, какви што се светските и европските првенства. Годинава еуфоријата е уште поголема, особено кај нас, со оглед на тоа што првпат во еден албум од познатиот бренд „Панини“ се најдоа и сликички со ликовите на фудбалерите на македонската репрезентација. Тоа се должи на нашиот премиерен пласман на Европското првенство, кое ќе се одигра летово во 11 европски градови.



Збирно место – Градски парк. Тој што е ветеран-колекционер на сликички, со самото стапнување на плочникот околу фонтаната во паркот, знае кон која група или индивидуа да се упати со цел да дојде до посакуваната сликичка, во замена за дупликатите што немилосрдно се трупаат во обидот да се наполни албумот.

- Доаѓам подготвен. Имам подготвено листа со брoјки на сликички кои ми недостигаат и не губам време. Има одредени ликови што се редовни и едноставно знаеш дека кај нив ќе го најдеш тоа што ти треба. Менувањето  сликички e фер и со многу љубов, со оглед на тоа што сите таму се заразени со овој „спорт“ – вели Бојан Темелковски.



Посетата на локациите за менување е толку честа, што по одреден период доаѓа до момент да заборавиш со кој веќе си се менувал, па следува тоа – „Дечко, се имаме менувано веќе“. Собирачите на сликички дури си имаат и свој начин на поздравување. Фразата „здраво, како си“ во овој случај не брка работа, туку тие од прва се поздравуваат со „имаш дупликати?“

- Дечко, го имате Елмас? Уште тој ми фали од Македонците. Јас го наполнив албумот, сега му помагам на другаров. Амблемот на Италија го имаш? Тебе уште колку ти фалат? Оди пред Бисер, таму има многу што менуваат - го опишува Дејан начинот на кој тече разговорот во текот на менувањето со сликички.



Инаку, албумот со сликички од фудбалери е тренд уште од 1970 година, кога „Панини“ го извади првиот албум за време на Светското првенство во Мексико. Оттогаш еуфоријата само расте, а има и такви што не пропуштаат да соберат албум со првенство за да го имаат во својата колекција. За македонските колекционери, овој е прв албум што има сентиментална вредност, со оглед на тоа што нашата репрезентација е во него.

- Секој албум ми е значаен е ми претставува еден вид спомен на едно време што поминало.
Еуфоријата што настана со овој албум поради нашите фудбалери во него и нашето прво учество на Европско, во ова време-невреме, ќе остане запаметена - вели Бојан.
Наместо “Здраво“, поздрав со “Имаш дупликати?“ – Еуфорија со менување сликички со фудбалери

Дечки, го имате Елмас? Уште тој ми фали од Македонците. Јас го наполнив албумот, сега му помагам на другаров. Амблемот на Италија го имаш? Тебе уште колку ти фалат? Оди пред Бисер, таму има многу што менуваат – го опишува Дејан начинот на кој тече разговорот за време на менувањето со сликички.

“Хоби за возрасни деца“. Така некои ја нарекуваат заразата со собирање на сликички со фудбалери во пресрет на големите натпреварувања, какви што се светските и европските првенства. Годинава еуфоријата е уште поголема, посебно кај нас, со оглед на тоа што за првпат во еден албум од познатиот бренд “Панини“, се најдоа и сликички со ликовите на фудбалерите на македонската репрезентација. Тоа се должи на нашиот премиерен пласман на Европското првенство, кое ќе се одигра летово низ 11 европски градови.
Збирно место – Градски парк. Тој што е ветеран-колекционер на сликички, со самото стапнување на плочникот околу фонтаната во паркот, знае кон која група или индивидуа да се упати со цел да дојде до посакуваната сликичка, во замена за дупликатите кои немилосрдно се трупаат во обидот да се наполни албумот.
- Доаѓам подготвен. Имам подготвено листа со брoјки на сликички кои ми недостигаат и не губам време. Има одредени ликови кои се редовни и едноставно знаеш дека кај нив ќе го најдеш тоа што ти треба. Менувањето на сликички e фер и со многу љубов, со оглед на тоа што сите таму се заразени со овој “спорт“ – вели Бојан Темелковски.

Посетата на локациите за менување е толку честа, така што по одреден период доаѓа до момент заборавиш со кој веќе си се менувал, па следува тоа – “Дечко, се имаме менувано веќе“. Собирачите на сликички дури си имаат и свој начин на поздравување. Фразата “Здраво, како си“ во овој случај не брка работа, туку тие од прва се поздравуваат со – “Имаш дупликати?“.
- Дечко го имате Елмас? Уште тој ми фали од Македонците. Јас го наполнив албумот, сега му помагам на другаров. Амблемот на Италија го имаш? Тебе уште колку ти фалат? Оди пред Бисер, таму има многу што менуваат – го опишува Дејан начинот на кој тече разговорот за време на менувањето со сликички.

Инаку албумот со сликички од фудбалери е тренд уште од 1970 година, кога Панини го извадил првиот албум за време на Светското првенство во Мексико. Од тогаш еуфоријата само расте, а има и такви што не пропуштаат албум со првенство за да го соберат и да го имаат во својата колекција. За македонските колекционери, овој е прв албум што има сентиментална вредност, со оглед на тоа што нашата репрезентација е во него.
- Секој албум ми е значаен е ми претставува еден вид на спомен на едно време што поминало.  
Еуфоријата што настана со овој албум заради нашите фудбалери во него и нашето прво учество на европско, во ова време-невреме, ќе остане запаметено – вели Бојан.

Подготвил: Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема