X
 21.06.2022 Култура

„Нетфликс“ објави трејлер за филмот за Мерилин Монро

Малкумина актери го постигнале нивото на суперѕвезда како Мерлин Монро. Американската актерка, која глумеше во „Мажите повеќе сакаат русокоси“, „Некои го сакаат тоа жешко“ и други филмови, беше икона на екранот, прославена со нејзините хумористични и честопати будалести ликови. Меѓутоа, зад камерите, Мерилин се бореше со тежок личен живот и напорни врски. „Нетфликс“ го објави првиот тизер трејлер за биографскиот филм на иконата, „Русокоса“, кој ќе ја истражува темната страна на славата на Мерилин.

Во режија на австралискиот режисер Ендрју Доминик, филмот е заснован на содржината на истоимената измислена книга номинирана за Пулицерова награда од Џојс Керол Оутс. Кубанската актерка Ана де Армас ја глуми Мерилин, усвојувајќи ја карактеристиката руса коса и пердувестиот мек глас како дел од нејзината трансформација за улогата. Де Армас помина девет месеци работејќи со тренер за дијалекти за да го усоврши својот говор и прецизно ги проучуваше манирите на Мерилин во подготовка за улогата. Кога публиката конечно виде сосема мал дел од нејзината изведба во едноминутниот тизер, беше воодушевена од сличноста меѓу Де Армас и Мерилин.


- Ја гледате таа позната фотографија од неа и таа се смешка во моментот, но тоа е само дел од она низ што навистина минуваше во тоа време - вели Де Армас за Мерилин.

Во тизерот ја гледаме Де Армас како Мерилин ја вежба својата насмевка пред огледалото, откако неколку моменти претходно беше прикажана како плаче.


„Русокоса“ беше снимен во 2019 година, но помина повеќе од две години во постпродукција поради доцнење.

Филмот ќе излезе на „Нетфликс“ на 23 септември 2022 година.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура