САД се подготвуваат да го забранат „Тик-ток“, но во меѓувреме Американката Адисон Ре Истерлинг заработува милиони од нејзините видеа на апликацијата.
Оваа 19-годишна девојка е дел од милионите тинејџери што објавуваат видеа на платформата која е во сопственост на кинеска фирма. Адисон е ѕвезда, а нејзината заработка од „
Тик-ток“ минатата година изнесувала 5 милиони долари. Таа има 54,1 милиони следбеници, своја линија на производи за убавина и соработки со компании како „Американ игл“ и „Спотифај“.
Таа не е единствената што заработува милиони преку апликацијата. „Форбс“ направи листа со најплатените ѕвезди на „Тик-ток“, кои заработиле најмалку 1 милион долари во последните 12 месеци до јуни.
1. Адисон Ре Истерлинг (19 години) - 5 милиони долари
2. Чарли Д'Амелио (16 години) - 4 милиони долари
3. Дикси Д'Амелио (18 години) - 2,9 милиона долари
4. Лорен Греј (18 години) - 2,6 милиона долари
5. Џош Ричардс (18 години) - 1,5 милион долари
6. Мајкл Ли (20 години) - 1,2 милион долари
7. Спенсер Екс (28 години) - 1,2 милион долари
Автор: Абрам Браун
Извор:
forbes.com