Во оваа фабрика се произведуваат најпознатите кинески вакцини против коронавирусот.
Компанијата „Синовак“ има дистрибуирано стотици милиони дози од својата вакцина во речиси 40 земји низ светот, истакнуваат одговорните. Оттаму додаваат дека откако ја завршиле првата фаза од изградбата на фабриката, веднаш почнале со втората и третата и сега можат годишно да произведуваат две милијарди дози вакцини „КоронаВак“.
Вакцината на „Синовак“ користи неактивен вирус за да предизвика имунолошки одговор и се дава во две дози на 28 дена.
Изминативе месеци имаше загрижувачки известувања за мала ефикасност на оваа вакцина, но бразилски податоци посочуваа дека има висок процент на заштита од сериозни инфекции и смрт.
Се очекува и Македонија да добие половина милион дози од оваа вакцина.