X
 22.09.2021 Здравје

Словенци земаат пари за да се вакцинираат во име на друго лице

Словенечкиот весник „Дело“ објавил приказна за поединци кои наплаќаат за да се вакцинираат против коронавирусот во име на други луѓе. Меѓу нив се зависници од наркотици и бездомници.

Се пишува дека на Клиниката за заразни болести во Љубљана има зависник од хероин кој се вакцинирал дури 23 пати. Се споменува и момче кое тврди дека се вакцинирало четири пати, но и дека доаѓале многу луѓе кои барале некој да се вакцинира во нивно име. Се пишува дека постои побарувачка за ова уште од мај.

Според друг словенечки медиум, еден од бездомниците што изјавил дека се вакцинирал четирипати открил дека услугата ја наплатил од 150 до 350 евра. На овој начин сиромашните се вакцинираат во име на богатите кои не сакаат да се вакцинираат, а на кои им треба потврда за вакцинација.

Извор: Klix
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје