X
 25.04.2021 Здравје

Колку плаќаат земјите низ светот за вакцините против коронавирусот?

Бројот на вакцинирани лица во секоја земја може лесно да се најде, а медиумите постојано пренесуваат за брзината на вакцинирањето низ светот. Меѓутоа, потешко е да се најдат информации за цената што ја плаќаат државите за вакцините против коронавирусот. „Вик“ открива дека одредени држави плаќаат многу повеќе од другите за истите вакцини врз основа на постигнатиот договор.

„Астра зенека“

До декември Велика Британија потрошила речиси 12 милијарди фунти за вакцинирање, од кои 2,9 милијарди фунти биле за купување на 267 милион дози. Локалната вакцина од „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ чинела околу 3 долари за доза.

Европската Унија плаќа 2,15 долари за вакцина од овој производител, додека САД плаќаат 4 долари за вакцина.

„Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ во ноември ветиле дека ќе им ја продаваат вакцината за помала цена на земјите со жители со ниски или средни примања. Меѓутоа, министерството за здравство на Јужноафриканска Република открило во јануари дека ја купува вакцината за 5,25 долари по доза, што е повеќе отколку богатите држави.

„Фајзер“ и „Бајонтек“

Велика Британија ја купува оваа вакцина за 15 фунти по доза. Во Израел, кој води во вакцинирањето на населението, властите првично велеле дека плаќаат 22 фунти за доза од оваа вакцина, но подоцна било откриено дека државата всушност плаќа 35 фунти за доза.

Европската Унија плаќа 12 евра за вакцината на „Фајзер“. САД плаќаат 19,5 долари за доза од оваа вакцина.


Фото: Pixabay

„Модерна“

Се претпоставува дека Велика Британија ја купува оваа вакцина за цена помеѓу 24 и 28 фунти. За оваа вакцина САД плаќаат околу 15 долари бидејќи делумно го финансирале нејзиното создавање.

Европската Унија плаќа 18 долари за доза од оваа вакцина. Израел плаќа просечно 23,5 долари за вакцина во рамки на договор според кој државата била меѓу првите што примила вакцини.

„Спутник 5“

Во Русија, произведувачите на вакцината во ноември изјавиле дека вакцината ќе чини помалку од 10 долари за доза за странските пазари од февруари. Не може да се најдат информации за цената што ја плаќаат посебни земји за да ја добијат оваа вакцина, заклучува „Вик“.

Извор: theweek.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје