Два научни експерименти спроведени во Меѓународната вселенска станица покажале дека пајаците може да плетат мрежи дури и без гравитација. Потребна им е само светлина.
Кога нема гравитација, пајаците немаат чувство за нагоре или надолу, па затоа изворот на светлина им помага да пресметаат каде се наоѓаат. Ова го покажува ново истражување објавено во списанието „Сајенс оф нејчр“.
Се открива и дека пајаците плетат асиметрични мрежи на Земјата, но без гравитација, тие плетат симетрични мрежи. Меѓутоа, доколку околу нив има светлина, тие плетат асиметрични мрежи како и на Земјата.
За истражувањето, научниците ги набљудувале пајаците во период од два месеца, со помош на камери кои правеле фотографии на секои 5 минути. Во продолжение погледнете видео од плетење мрежа од страна на пајак во Меѓународната вселенска станица.
Автор: Фабиен Ланг
Извор:
interestingengineering.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube