Едно од три млади лица што живеат во Западен Балкан е невработено според податоци од истражување спроведено од Советот за регионална соработка (англ. Regional cooperation council), пренесува „Индикатор“.
Тоа е двојно повеќе од стапката на невработеност од 17 отсто во Европската Унија.
Еден од најголемите проблеми на младите во регионот се несоодветните можности за вработување, соопштиле од Советот за регионална соработка на конференција.
Во истражувањето, околу 18 отсто од испитаниците изразиле загриженост за одлевањето на квалификуваната работна сила од земјите во регионот. Пред пет години 10 отсто биле загрижени за ова.
Извор:
Indikator
Насловна фотографија: Freepik