X
 03.12.2021 Образование

Третина од младите мислат дека образованието не ги подготвува за пазарот на труд

Дури 39 отсто од младите низ светот мислат дека работните места што ги бараат по завршувањето на образованието не им се достапни. Вкупно 31 отсто од младите сметаат дека вештините и образовните програми не одговараат на барањата на посакуваните работни места. Ова се резултати од истражување спроведено од УНИЦЕФ минатата година.

Во истражувањето биле вклучени 40.000 млади луѓе од 150 земји, а целта на анализата била да се види дали образованието ги дава потребните вештини за работните места.


Фото: Pixabay

- Факултетот нема да ме подготви за работа под притисок, а неретко ни за вештини за раководење и способност за решавање проблеми. Тоа се вештини кои во овој момент апсолутно не се докажуваат со диплома, а се сè побарани на пазарот - изјавил студент од универзитетот во Риека за „Пословни“, коментирајќи ги резултатите од истражувањето.

На глобално ниво, дури 10 милиони млади луѓе секој месец стануваат дел од пазарот на труд, но до првото работно место чекаат повеќе од четири години.

Извор: Poslovni
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование