„Нетфликс“ неодамна објави нови официјални бројки за гледаност на содржината.
Кога станува збор за серии, првото место го зазеде четвртата сезона од серијата „Манифест“ со гледаност од 78 милиони часови во текот на изминатата недела.
Иако првиот дел од четвртата сезона беше објавен во неомври минатата година, вториот дел мораше да почека до 2 јуни.
Серијата првично беше продуцирана од Ен-би-си, оваа платформа ја откажа во 2021 година по третата сезона, бидејќи не ги исполни очекувањата кога станува збор за рејтингот. Но, „Нетфликс“ ги презеде првите три сезони и серијата се стекна со голема популарност, па одлучија да се сними четврта сезона, која воедно е и последна.
Фото: Netflix/Twitter
Станува збор за научно-фантастична драма во која авион мистериозно исчезнува пет години, но потоа безбедно слетува како ништо да не се случило. Патниците кои биле во авионот почнуваат да доживуваат необични и бизарни ситуации кои не можат да ги објаснат.
На второ место се најде четвртата сезона на серијата „Никогаш не сум...“ (англ. Never Have I Ever) со околу 76 милиони часови гледаност.
Еве како изгледа целосната листа:
1. „Manifest“, 4 сезона
2. „Never Have I Ever“, 4 сезона
3. „FUBAR“, 1 сезона
4. „Arnold: Limited Series“
5. „Manifest“, 1 сезона
6. „The Ultimatum: Queer Love“, 1 сезона
7. „Queen Charlotte: A BRidgerton Story“
8. „XO, Kitty“, 1 сезона
9. „All American“, 5 сезона
10. „S.W.A.T“, 1 сезона
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube