„Нетфликс“ ќе почне да прикажува повеќе нови и стари филмови и серии во септември.
Нè очекуваат нови сезони на познати серии како „Кобра Кај“ (Cobra Kai) и „Љубовта е слепа: по олтарот“ (Love Is Blind: After the Altar).
Освен тоа, ова е месецот кога ќе ја видиме Ана де Армас во улогата на Мерилин Монро во „Блондинка“ (Blonde). Филмот ќе почне да се прикажува на платформата на 28 септември.
За љубителите на тинејџерски комедии, на 16 септември пристигнува „Направи одмазда“ (Do revenge). Во филмот глумат Маја Хок, Камила Мендес и Остин Абрамс.
На листата со стари филмови што ќе се прикажуваат на „Нетфликс“ во септември се „Американска убавина“ (American beauty), „Изгубена“ (Clueless), „Италијанска работа“ (The Italian job), „Само пријатели“ (Just friends) и „Бележникот“ (The notebook), меѓу другото.
Се очекуваат и документарните филмови „Пат до бесконечноста“ (A trip to infinity), „Гревовите на нашата мајка“ (Sins of our mother), како и „Готвачка маса: пица“ (Chef's table: pizza).
Целата листа со филмови и серии што ќе почнат да се прикажуваат на „Нетфликс“ во септември може да ја пронајдете
овде.
Извор:
Vanity fair
Насловна фотографија: Freepik