Во животот доаѓа момент кога се плашиш да ги преброиш часовите што си ги поминал гледајќи серии, а потоа набрзо сфаќаш дека немаш повеќе серии за гледање бидејќи си ги гледал сите.
Добрата вест е што секогаш постои нешто што си го пропуштил.
Доколку си ги гледал и овие помалку познати серии, препораката е да најдеш режисер или актер кој ти се допаѓа и да почнеш да гуглаш што уште работел. Никогаш не знаеш каде ќе те одведе. Другиот начин е да напишеш клучни зборови на „Нетфликс“. Така ќе дојдеш до супер филмови и серии што си ги пропуштил.
„Fleabag“
Првата сезона од оваа серија е емитувана во 2016 година, а денес на големо се зборува за втората сезона што почна да се емитува во мај. Многу подобра од сите популарни обиди за прикажување на женската еманципација. Млада жена која неодамна доживеала трагедија се обидува да се соочи со животот во Лондон. Оваа реченица асоцира на тага и ужас, а всушност станува збор за една од најдуховитите и најискрени серии без влакна на јазикот. Главната актерка е Фиби Волер-Бриџ.
„Doctor Foster“
Досега се снимени две сезони со по пет епизоди. Главната улога ја игра кај нас малку познатата, но најбарана британска актерка Сурејн Џонс. Факт е дека освен одличното сценарио, без неа серијата не би била иста. Серијата беше најдобра драма за 2016 година во Англија.
На почетокот се чини дека станува збор за едноставна приказна за измама што се случува на југот на Англија, но докторката Фостер за брзо време ќе ве убеди дека не е така.
„La Mante“
Стивен Кинг ја пофали оваа француска серија. Насловот во превод значи богомолка. Веројатно кога ќе ја видите прекрасната актерка Карол Буке во главната улога, ќе си речете дека глуми главна детективка или нешто слично. Но, потоа ќе следува шок - убавата Керол е сериски убиец на кој би ѝ завидувал и Ханибал Лектор. Приказната го следи серискиот убиец Жан Дебер (Карол Буке), која поради своите морничави злосторства поминала зад решетки 25 години. Кога некој ќе почне да ги копира нејзините злосторства, Жан ѝ нуди на полицијата да ѝ помогне во истрагата, но постои услов - нејзиниот син, со кој не разговарала од апсењето, а кој сега работи за полицијата, мора да работи со неа во решавањето на случаите.
„Мad Dogs“
Четири пријатели од 40 и нешто години на одмор во Шпанија запаѓаат во различни неволји. Баш тогаш кога мислите дека пронашле излез, тие запаѓаат во уште поголеми проблеми. Иако на површината изгледа дека станува збор за акција, станува збор за серија што разработува теми како пријателството и созревањето.
„Occupied“
Норвешки политички трилер. Во блиска иднина, Норвешка е окупирана од Русите, затоа што неодамна избраната норвешка влада која се залага за екологија го прекинала производството на нафта и гас во Северното Море. Ова е најуспешната и најскапата норвешка серија. Копродуцент е компанијата што стои зад филмот „Девојката со тетоважа на змеј“. Да кажеме дека руската амбасада во Осло бурно реагираше по емитувањето на
серијата.
Фото: Screenshot/YouTube