Летните одмори се пред нас и сè поголем број луѓе веќе ги планираат своите следни авантури. Побарувачката за сместување во туристичките дестинации е голема, па цените во многу случаи излегуваат од контрола.
За да ви помогне подобро да го испланирате вашиот одмор, платформата „Ербиенби“ ги анализираше најпосакуваните дестинации ширум светот, а потоа ги одбра сместувањата кои чинат помалку од 100 долари за ноќ. На крајот, биле составени листи од најдобри локации со евтино сместување на секој континент за четири различни типови на патници.
Топ трендови за летото на дестинации полни со природни пејсажи
Винипег, Канада
Сен Жерве ле Бен, Франција
Кејптаун, Јужноафриканска Република
Џунг-гу, Сеул, Јужна Кореја
Окленд, Нов Зеланд
Најдобри урбани дестинации за патници кои сакаат култура
Кали, Колумбија
Милано, Италија
Бангкок, Тајланд
Сугинами, Токио, Јапонија
Велингтон, Нов Зеланд
Најдобри дестинации за патници од генерација З кои сакаат авантура
Маракеш, Мароко
Палермо, Италија
Пукет, Тајланд
Кјото, Јапонија
Викторија, Австралија
Дестинации за пензионери
Антигва, Гватемала
Буенос Аирес, Аргентина
Белфаст, Северна Ирска
Порто, Португалија
Куала Лумпур, Малезија
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay