X
 05.08.2021 Образование

МОН ги враќа стипендиите за постдипломски студии

Откако пред 10 години беа укинати, Министерството за образование и наука соопшти дека од студиската 2021/2022 година повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата.

Конкурсот е веќе објавен и може да се погледне ТУКА.

-Со измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 50 стипендии за студии од втор циклус во земјата од научно подрачје природно - математички науки (поле биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и технички технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 9.000 денари за девет месеци во годината - стои во соопштението.

Од МОН додаваат дека постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени ТУКА.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование