Поставувањето фашистички симболи и поздрави во Хрватска нема да биде кривично дело, туку ќе се казни како прекршок против јавниот ред и мир со парични казни до 4.000 евра.
Тоа е предвидено во предлог-измените и дополнувањата на Законот за прекршоци што беа предложени од Министерството за внатрешни работи и сега се на јавна расправа.
Според загрепски „Јутарњи лист“, пропишани се драконски зголемувања на казните од 70 на 4.000 евра, на пример, за извикување усташки поздрав и прикажување фашистички симболи. Според тој нацрт, казните за тие прекршоци се зголемени до 23 пати.
Извор: МИА