X
 10.10.2019 Образование

Штрајк во хрватските основни и средни училишта

Челниците во синдикатите во образованието во Хрватска, по неуспешните преговори со владата, денеска најавија почеток на штрајк во основните и во средни училишта во државата.

По вториот круг преговори владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто.

Од денеска во штрајк ќе бидат сите вработени во основните и средните училишта во Хрватска. Штрајкот ќе продолжи циркуларно, секој ден во одредени жупании - до исполнување на синдикалните барања.

- Владата понуди зголемување на основата од 2 процента на 1 октомври и 2 проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно - рече Бранимир Михалинец од синдикатот на вработените во образованието.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование